Бројот на туристи намален за над 65% во октомври

44

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2020 година изнесува 33.929, а бројот на ноќевањата изнесува 80.612.

Бројот на туристите во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, е намален за 65,1%, а бројот на ноќевањата е намален за 59,7%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, е намален за 11,4%, а бројот на странските туристи е намален за 87,4%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, е намален за 14%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84,8%. Во периодот јануари ‒ октомври 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60,8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20%, а кај странските има намалување за 84,2%.

Во периодот јануари ‒ октомври 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 47,2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14,1%, а кај странските има намалување за 84,1%.

Фото: Freepik