Бруто домашното производство на струја со 58% удел во бруто домашната потрошувачка

30

Бруто домашното производство на електрична енергија во декември лани учествува со 58% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,2% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2020 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 859.827 МWh електрична енергија, 46.263 мил. нм3 природен гас, 468.414 тони јаглен и 92.211 тони нафтени продукти.

Фото: Pexels