Брзи фито анализи на македонското вино на Државната фитосанитарна лабораторија

210

sisinja-vino-pixabay

Фото: Pixabay

Брзи, релевантни, економски исплатливи анализи според светските стандарди, кои за десет минути утврдуваат 28 параметри во виното неопходни за негов пласман и на најпребирливите пазари, нуди Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), јавува Миа.

Лабораторијата се опреми со инструментот Вајн скен, како што користат западноевропските земји, американскиот и австралискиот континент и со тоа ја вброи Македонија, покрај Херцеговина и Словенија, во единствените од регионот кои овозможуваат вакви услуги.

Анализите се наменети за домашните, но и за винарии од други држави, а ќе чинат вкупно 3.000 денари со вклучен ДДВ што е помалку од досегашните кои ги одредуваа само седумте основни параметри во виното, минимум потребни за извоз. Инструментот, меѓу другото, ќе утврдува концентрација на шеќери, киселини, алкохол, адитиви,…, но и на микотоксини што практично значи и гаранција за безбедноста на виното.

Вајн скен е купен со средства од Програмата за рурален развој. Ќе утврдува и испитување на грозјето и ширата, како и следење на квалитетот на виното во текот на ферментацијата. Предвидено е со инструментот да се вршат околу 500 до 600 контроли годишно.