
Стопанска банка информира дека почнувајќи од 5.10.2025 година, официјално ќе започне со извршување на SEPA (Single Euro Payments Area) кредитни трансфери. Со ова нашите клиенти, правни и физички лица, ќе можат побрзо, побезбедно и поефикасно да извршуваат плаќања во евра кон 41 земја членка на SEPA зоната.
Преку SEPA клиентите на Банката ќе можат да извршуваат плаќања во евра под исти услови како и во рамките на земјите од Европската Унија, со значително намалени трошоци и скратено време на процесирање. Плаќањата ќе се обработуваат најдоцна до следниот работен ден, што значи и подобра контрола и следење на трансакциите.
Посебно нè радува фактот што приклучувањето кон SEPA зоната дополнително ќе значи поддршка и импулс за зголемена дигитализација и е-трговија, полесен пристап до европските пазари и партнери, подобрени деловни можности и останати придобивки за граѓаните и компаниите.













