Буџетот за 2026 фокусиран на социјални трошоци, капиталните инвестиции повторно во застој

Наместо за економски развој и за капитални инвестиции и во 2026 година повеќе пари од Буџетот ќе се трошат за плати и пензии. Финансиските институции постојано ни забележуваат дека поголем дел од парите се трошат за социјални трансфери, а реалните економски реформи заостануваат. И последниот извештај на Европската комисија ги нотира истите слабости. И економските експерти потврдуваат дека има потфрлање на капиталните инвестиции и сметаат дека за нивна реализација треба да се подобри капцитетот на институциите.

-Има потфрлање на капиталните инвестиции кои се за 130 милиони евра помалку од претходно планираните. И тука се поставува предизвик во однос на исполнување, односно реализацијата на капиталните инвестиции. Слабата реализација на капиталните инвестиции се случува често и мораме да го зајакнеме капацитетот на системот за исполнување на истите, изјави за „Локално“, економскиот аналитичар Синиша Наумоски.

 

 

Според него, Буџетот за 2026 година е реален, но има простор за критики. Со него, како што вели државата испраќа порака за фискапла стабилност и предвидливост.

-Со самото тоа што нема избори во 2026 година значи дека инвеститорите и стопанството ќе имаат поголема предвидливост. Приоритетите се насочени кон заштита на животниот стандард преку поголеми плати, пензии, социјални трансфери…што е поддршка на домашната потрошувачка која пак е основа за раст на БДП, вели Наумоски.
Целиот текст на Локално.мк