Будва бара инвеститори за изградба на големиот забавен парк Adriatic Hill

22

toplis budva

Општина Будва во Црна Гора ќе распише тендер за издавање на 30-годишен закуп на пет хектари општинско земјиште на брдото Топлиш над Будва, за изградба на забавниот парк Adriatic Hill и со тоа конечно ќе се стави точка на осумгодишната агонија низ која поминуваше овој проект, јавува Пословни пулс.

Иако проектот за воден град е осмислен уште во 2006 година, кога беше и поставен камен – темелник, а проектот требаше да биде реализиран веќе следното лето. Но, наместо нова туристичка атракција, Будва доби нова афера во најава, бидејќи комплетната документација премина кај специјалниот обвинител за борба против организираниот криминал.

Општината планира да објави јавен повик за издавање на земјиштето под закуп, по минимална годишна цена од 240.000 евра, а станува збор за парцели над популарната дискотека Top Hill, а инвеститорот е должен за два милиони евра да ја откупи опремата, што веќе осум години стои во пристаништето Бар, поради што општината презела и враќање на кредит од 1,6 милиони евра на команијата Numericotrade limited од Кипар. Наводно, луѓе од Кипар ја купиле опремата за која општината издала гаранција за кредитот, кој потоа падна на товар на локалната управа.

На претстојната седница на општинското собрание на Будва ќе се најде одлуката за давање на долгорочен закуп на недвижен имот на брдото Топлиш. Станува збор за недвижен имот со површина од 41.889 метри квадратни наменет за забавен парк.