Будва: Во септември повеќе гости отколку во летниот шпиц

144

Според последните податоци на Туристичката организација на Будва, во моментов има околу 8.300 гости од Јаз до Буљарица. Ако се спореди со минатата година, тоа е четири пати помалку.
Сепак, ваквите податоци се охрабрувачки, имајќи предвид дека моменталната исполнетост на капацитетите е далеку повисока отколку во јуни, јули, па дури и во август, за време на главната туристичка сезона. За жал, во јуни имало 20 пати помалку гости, а во јули и август бројот на гости бил повеќе од десет пати помалку од минатата година.

Будва беше практично празна, додека околните дестинации, Хрватска, Албанија и Босна и Херцеговина, имаа одлични резултати.

Отворањето на границите донекаде го ублажи туристичкиот колапс, па затоа во моментов во Будва во хотели, како што рекоа за Вијести од ТО Будва, има 5.500 гости, додека 2.800 се во приватно сместување.

“Во Будва престојуваат туристи од Србија, Босна и Херцеговина, Украина, Албанија, Косово, Белорусија, Русија…“, соопшти локалната туристичка организација.

Фото: Pixabay