Бугарија ќе плаќа 40 отсто повеќе за гас доколку не увезува од Русија

76

Замената на рускиот гас со набавки од алтернативни добавувачи ќе ги зголеми цените на природниот гас во Бугарија за најмалку 40 отсто, изјави денеска бугарскиот министер за енергетика Александар Николов на седницата на парламентарната комисија за енергетика.

Според порталот „Новините“, Николов изјавил дека не е загрижен за снабдувањето со нафта и нафтени деривати, бидејќи е сопственик на рафинеријата во Бургас, зад која всушност стои руската нафтена групација „Лукоил“, регистрирана во Швајцарија.

„Нема простор за паника и тензии во општеството“, додаде тој.