Бугарија: Над 80% од фирмите се во секторот трговија и услуги

18

bg

Околу 83% од фирмите во Бугарија се во сферата на трговијата и услугите. Во нив се околу 60% од сите вработени, но произвеле едвај 40% од вкупното производство во нефинансискиот сектор во 2014 година, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот институт за статистика, пишува Труд.

Во 2014 година, во Бугарија работеле 319.744 нефинансиски компании. Произвеле над 66 милијарди евра, а во нив работеле 1.892.526 лица. Индустриски претпријатија се 33.236 или само 10% од сите фирми, но произведуваат речиси половина од вкупното производство на нефинансиски сектор. Во индустријата работат 627.448 лица.

Минатата година во Бугарија работеле 137.935 трговски претпријатија (43% од сите фирми). Околу 130.000 од претпријатијата се во сферата на услугите, а околу 19.000 фирми се занимаваат со градежништво.