Бугарија најсиромашна, а Луксембург најбогата земја во ЕУ

134

Луксембург е најбогата, а Бугарија најсиромашна земја меѓу членки на Европската Унија, покажуваат податоците на Eurostat.

Според тоа, жителите на Луксембург се 35% на просекот на ЕУ, додека Бугарија е 58% под европскиот просек.

Македонија, според податоците, е 42% под европскиот просек. Во полоша позиција од нас се само Албанија (39%) и Босна и Херцеговина (41%).

По Луксембург, најбогати се жителите на Германија со 22% над просекот на ЕУ, а во групата земји што имаат актуелна индивидуална потрошувачка од девет до 18% над просекот на ЕУ се и: Австрија, Данска, Белгија, Холандија, Финска, Франција и Шведска.

Петте земји членки што се најдоа на дното, освен Бугарија, се и: Хрватска (66%), Унгарија (67%), Словачка (69%) и Латвија (71%).

Од земјите во регионот, највисоко е позиционирана Словенија 83% од европскиот просек, додека во Грција тој е 78%.

Eurostat ги анализира податоците за потрошувачка по глава жител во 2019-та година и актуелната индивидуална потрошувачка по глава жител (actual individual consumption per capita – AIC) што ја мери материјалната состојба на домаќинствата.

Фото: Freepik