Бугарија подготвува неколку компании за приватизација

35

sofia

Бугарската Агенција за приватизација подготвува за продажба неколку компании. Во првата фаза се предвидува да бидат продадени удели во Пловдивски саем, Систем за пазарни информации (САПИ), Овча купел и Нити. Првото претпријатие ќе биде приватизирано преку берза, а другите две на аукција, пишува софиски Капитал.

Во следната фаза Агенцијата планира да заврши со приватизацијата на Аудио-видео Орфеј, компанија која слично како Овча купел, може да предизвика интерес претежно поради имотот, а не поради дејноста. Планирана е продажба и на државната градежна компанија Монтажи и малцински удел во Слободна зона – Бургас.