Бугарската војска продава 5 аеродроми

33

Bulgaria-SofiaБугарската војска започна со продажба на недвижен имот, a меѓу најатрактивни на списокот се 5 аеродроми и 58 касарни, како во Софија така и во другите поголеми градови.

Вкупната вредност на имотот, кој од почетокот на годинава е ставен на список за продажба достигна скоро 15 милиони лева, односно 7,5 милиони евра, пишува весникот Телеграф, повикувајќи се на бугарското министерство за одбрана.

Во таа сума не се вклучени аеродромите, бидејќи се очекува државниот проценител да одреди почетна цена.

Според податоците на министерството за одбрана, бугарската војска располага со околу 1100 згради и други објекти кои повеќе не ги користи.