Бугарски изум: Small foot за лесно движење на планинскиот снег

2

small foot

Бугарска старт – ап компанија стои зад дизајнот на иновативните додатоци за нозе – Small Foot кои на планинарите ќе им го олеснат движењето на планина.

Small Foot им помагаат на планинарите полесно да се движат по планините, особено на место каде што има длабок снег.

Овие додатоци за планинарење се компактни со чевлите за планинарење, лесни за носење, целосно флексибилни, удобни и не пропуштаат вода.

small foot

Small Foot е создадена во 2011 година од страна на Петар Димитров, а потоа кон идејата се вклучува и Иван Колев, еден од сопствениците на фирма за производство на детски чевли од Софија. Од почетокот досега, Small Foot доживеаја големи промени, а дел од нивните модели веќе се продаваат во Австрија, Италија, Белгија, Холандија, Луксембург, Јапонија.

Овој старт – ап ќе ја искористи глобалната платформа за групно финансирање – Kickstarter со цел да ги собере потребните 20.000 евра за да го оптимизира процесот на производство. Во овој момент Small Foot се произведуваат рачно.

small foot 1