Бугарскиот БДП падна 5,2% во третиот квартал

5

Бруто домашниот производ (БДП) на Бугарија падна за 5,2% на годишно ниво во третиот квартал на 2020 година, соопшти Националното биро за статистика.

Во периодот јули – септември во тековната година, бугарската економија бележи раст од 4,3%, по падот од 10,1% во вториот квартал.

Бугарскиот БДП во извештајниот период беше 31,2 милијарди лева (16 милијарди евра) по тековни цени.

Фото: Pixabay