Bugatti го сруши рекордот на најскапо продаден нов автомобил

49

Фото: Bugatti

Францускиот производител на луксузни автомобили, Bugatti го претстави својот најнов модел, La Voiture Noire, или во превод црн автомобил, на овогодинешното шоу за автомобили во Женева, Швајцарија.

Автомобилот уште пред да биде покажан на посетителите е продаден за неверојатни 16,7 милиони евра, што е рекорд за нов автомобил. Дотогаш, оваа титула на носеше Rolls Royce Sweptail, со 11,4 милиони евра, пишува Forbes.

Според производителот, La Voiture Noire е “купе со комфорт на лимузина и сила на хипер автомобил“. Тој е модерна интерпретација на легендарниот Bugatti Type 57 SC Atlantic, којшто годинава го прославува 80-от јубилеј. Автомобилот беше изработен во само четири примероци, а зад дизајнот стоеше Жон Бугети син на основачот на компанијата Еторе Бугети.