BYD планира да го зголеми бројот на вработени во Европа на повеќе од 40.000 до 2030 година

Кинескиот производител на електрични автомобили BYD планира да го зголеми бројот на вработени во Европа на повеќе од 40.000 до крајот на деценијата, изјави  извршната потпретседателка на компанијата за странски пазари, Стела Ли.

„BYD е многу посветен на Европа и таа посветеност е долгорочна“, рече Ли во интервју за Bloomberg Television на Саемот за автомобили во Париз.

Компанијата наскоро ќе има повеќе од 10.000 вработени во Европа и планира да регрутира персонал и од автомобилската индустрија и од други сектори, вклучително и работници кои може да ги изгубат своите работни места во европските компании.