Cathay Pacific со прва годишна загуба по осум години

18

pexels-photo-358319

Фото: Pexels

Авиопревозникот Cathay Pacific ја објави својата прва годишна загуба од глобалната финансиска криза, пренесува BBC. Ова е трет пат компанијата да регистрира загуба за цела година, од основањето во 1946 година.

Акциите на авиокомпанијата беа намалени за 7% во почетокот на тргувањето, но потоа се вратија во нормала. Cathay Pacific се соочува со жестоко ривалство од кинеските превозници и од компаниите од Блискиот Исток.

Air China и China Eastern нудат повеќе директни услуги, што го прави Cathay Pacific помалку привлечен за патниците кои патуваат преку Хонг Конг. Според авиокомпанијата токму “интензивната конкуренција” од останатите авиопревозници придонесе за пад на продажбата од 9,4%.

Во јануари Cathay Pacific најави големо реструктуирање коешто меѓу другото ќе вклучува и отказни решенија.