Целосно затворен патот Неготино – Штип

44

Од АМСМ известуваат дека патниот правец П-1103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, мост бр.9, преку реката Вардар, кој беше затворен за тешки товарни возила поради деформација, оштетување на мостот, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци и е пренасочен преку Криволак, патниот правец Неготино-Криволак-Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила. Одлуката беше донесена од комисија составена од претставници на ЈП Државни Патишта, ЈП Македонија пат, Градежниот факултет, Институтот за патишта и сообраќајната полиција.