Cemex го продава производството во Хрватска и имотот во Србија, БиХ и Црна Гора

21

Fahrmischer

Мексиканската компанија за производство на градежен материјал Cemex извести дека потпишала договор за продажба на бизнисот во Хрватска, вклучувајќи го имотот во БиХ, Црна Гора и Србија, на унгарската компанија Duna-Dráva Cement за околу 230,9 милиони евра, стои во соопштението објавено на интернет страната на компанијата.

Приходите добиени од оваа трансакција ќе се користат главно за намалување на долгот и за општи корпоративни потреби.

Финализацијата на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од оваа година, по одобрување на регулаторите.

Како што пишува WSJ, Cemex ќе го продава бизнисот и во Австрија и Унгарија на Rohrdorfer Group за 160,1 милиони евра.

Останати земји во Европа каде што работи оваа компанија се Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија и Чешка.