
Според податоците на Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во август 2025 година се зголемени за 0.1 % во однос на претходниот месец.
Цените на угостителските услуги во август 2025 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 4.9 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.3 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.8 %.
Главни поенти
Цените во угостителството, по групи, во август 2025 година во однос на јули 2025 година се зголемени кај групата Алкохолни пијалаци за 1.3 % и групата Безалкохолни пијалаци за 0.1 %, додека кај групите Храна и Ноќевања не се забележани промени.
Фото: Pixabay












