Централна кооперативна банка нема да тргува со хартии од вредност

34

CKBКомисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со кое трајно се одзема дозволата за работа на Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна банка АД Скопје.

КХВ решението го донесе врз основа на претходно усвоени одлуки на Управниот одбор и на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје согласно кои Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна Банка АД Скопје ќе престане да врши услуги со хартии од вредност за кои Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија има издадено дозвола.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ги задолжи Македонска берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје веднаш по приемот на решението да ја исклучат од членство Централна кооперативна банка АД Скопје – Служба за работа со хартии од вредност.

Со престанокот на Централна кооперативна банка АД Скопје – Служба за работа со хартии од вредност, на македонскиот пазар за хартии од вредност активни се четири овластени банки и десет брокерски куќи.