Cezeri – првиот турски летечки автомобил

56

На овогодинешното издание на манифестацијата Teknofest, којашто од 17-ти до 22-ри септември се одржуваше во Истанбул, беше претставен и првиот турски летечки автомобил.

Cezeri, којшто e прототип на летечко возило со врвни технолошки перформанси, го креираше тим од 50 инженери од Cezeri Robot, дел од Baykar Group.

За да се изработи моделот потребни беа девет месеци, а главен за проектот беше Озан Јагѕи, проектен менаџер од производителот на дронови Baykar, пишува Daily Sabah.

Cezeri моментално може да пренесува само еден човек, но следната верзија ќе има место за повеќе луѓе. Од тимот велат дека во иднина, во автомобилот ќе биде имплементирана и LIDAR технологијата којашто користи сензори.

Плановите се возилото, коешто може да лета еден час без престан, да се користи во урбаниот транспорт.

Фото: Facebook