Турција наскоро ќе го добие првиот летечки автомобил

29

Селчук Бајрактар, челник на турскиот производител на дронови  Bayrak, најави изработка на прототип на летечки автомобил што ќе биде прв од таков вид во Турција.

Според агенцијата Анадолија, компанијата осум месеци работи на технички цртеж, дизајн, тестирање, детали и производство на прототип.

Летечкиот автомобил, што ќе го носи името Cezeri, би требало да биде готов во септември, а би можел да биде претставен на најголемиот технолошки фестивал во Турција.

Инаку, компанијата Bayrak  е основана во 1984 година, а произведува дронови, контролни системи, симулатори и авионски системи.

Фото: Pexels