Фото: Kaffeeform
Кaffeeform старт-ап од Берлин, Германија дизајнираше чаши за кафе од неискористени и стари зрна кафе. Иновативните чаши се за повеќекратна употреба, а дизајнерот Џулијан Лехнер ја освои и овогодинешната Red Dot награда за дизајн на производ.
За да ги креира тој користел искористени зрна од кафе коишто ги лепел со природен лепак, со цел да создаде нов материјал. Лехнер прво ги собирал остатоците од кафе од локалните кафулиња, а потоа ги мешал со лепак и ситни парчиња дрво од одржливи материјали. На тој начин создал течност којашто била подложна на моделирање и ги обликувал чашите.
Тој вели дека Кaffeeform користи еколошки материјали и со тоа придонесува за помалку штетен отпад. Чашите коишто доаѓаат и со подлога, можат да се мијат и во машина за садови. Освен нив стартапот создаде и поголеми чаши за капучино, како и чаша во стилот “за носење“.