Часовник на Patek Philippe продаден за 31 милион долари

44

Уникатниот часовник Grandmaster Chime Ref. 6300 A на познатиот бренд Patek Philippe е продаден за 31 милион долари на хуманитарната аукција Only Watch во Женева, пишува Forbes.

Со ова, часовникот на Patek Phillippe е најскапо продаден часовник, оставајќи го зад себе Paul Newman Rolex Daytona, продаден за 17,7 милиони долари во 2017-та година.

Grandmaster Chime Ref. 6300 A беше специјално дизајниран за оваа аукција и ќе биде единствениот што е изработен од нерѓосувачки челик. Со перформансите што ги има, овој часовник е најкомплицираниот што досега го произвел Patek Phillippe.

Но, не се знае кој е сопственикот на овој часовник.

Фото: Pixabay