Почетна Луксуз Часовник вреден 821.000 евра – резултат на партнетството меѓу две компании кои...

Часовник вреден 821.000 евра – резултат на партнетството меѓу две компании кои создаваат луксуз

42

Партнерството помеѓу компанијата за производство на луксузни спортски автомобили McLaren и производителот на часовници Richard Mille резултира со нов скап часовник вреден скоро еден милион долари.

Станува збор за модел RM 40-01 Automatic Turbilon McLaren Speedtail, чија цена е нешто повеќе од 821.000 евра. Познато е дека цената на хиперавтомобилот на McLaren  е повеќе од 2,25 милиони долари, без дополнителни опции и персонализација, па не е ни чудо што некои примероци се продаваат за повеќе од три милиони долари.

Дизајнот на часовникот е инспириран од моделот на возилото McLaren Speedtail, односно некои делови од неговата каросерија.

“Кога станува збор за RM 40-01, зедовме предвид некои од карактеристиките на автомобилот и филозофијата што стои зад него. Така, часовникот следи многу детали на Speedtail кога станува збор за неговиот бескомпромисен дизајн и материјали“, рече Роб Мелвил, директор за  дизајн на McLaren.

Исклучително внимание е посветено на деталите, а самиот механизам е направен од 69 делови.

Компанијата анализирала пет прототипови за да излезе со најдобриот дизајн.

Ќе бидат произведени само 106 примероци за да одговара на бројот на модели на Speedtail, кои McLaren има намера да ги произведе.

Фото: Facebook