Станува збор за средства за европски проекти кои веќе се исплатени од страна на Чешката република меѓутоа со пари од државниот буџет, а кои подоцна се рефундирани од Брисел.
“Искрено се плашев од далеку поголем губиток. Дека ќе останеме без одредени финансии беше и повеќе од јасно после одредени случувања во нашата држава”, рече денес шефот на чешката дипломатија Карел Швароенберг во врска со одлуката на Европската комисија.
Сепак, тие пари не се неповратно изгубени за оваа држава од причина што Европската комисија одлучила дека наредната година постојат алтернативи за искористување на слични финансиски средства, меѓутоа тоа треба да бидат нови проекти кои ќе бидат под директна лупа на Европа и треба да бидат без грешка.
Европската унија и на почетокот на оваа година замрзна неколку финансиски инјекции кон Чешка, поради големите манипулации и неконтролирано трошење како и корупција.
Министерството за финансии на Чешка поради тие забелешки пред извесно време воведе и нов единствен систем на контрола при што ЕК во неколку наврати им исплати голема сума на пари меѓутоа за оние програми каде немало посебни забелешки.
Во секој случај, Чешка остана покуса за 500 милиони евра поради проблематичната програма за сообраќај и животна средина, но ЕК во месец ноември ке треба да одлучи дали на Чесите да им исплати пари за уште два проблематични регионални проекти.