Чешката пивара Старопрамен ќе почне со производство на сокови

71

staropramen sokoviЧешката пивара Старопрамен ќе започне да продава сокови. Оваа е трета иновација во последните две години, по Cool Hořký pomeranč и Cidermix, комбинација на пиво со сок.

“Пијалоците без алкохол се нов волумен за нас. Веруваме дека овој сегмент ќе привлече многу луѓе кои не пијат алкохол”, изјави менаџерката за иновации, Мартина Бучкова.

Новиот сок од слад содржи јачменов слад кој е неопходен за производство на пиво и ќе почне да се дистрибуира во јули. Ќе се продаваат два вида, обичен и со вкус на јаболко.

Пиварите во 2009 и 2010 година се соочија со пад на продажбата на пиво за околу 14%. Причина за тоа е економската криза која ги натера луѓето да штедат, но и намалениот број на странски туристи во Чешка, кои во вкупната потрошувачка на пиво во земјата учествуваат со 10%.

Во обид да ја подобрат состојбата, пиварите почнаа да произведуваат пијалоци што се комбинација на пиво и сок. Овие beer – mix-ови сега сочинуваат 7% од вкупната понуда на Старопрамен и благодарение на нив, минатата година е запрен падот на вкупната продажба на пиво.