Четири клучни прашања за да го одберете вистинскиот кандидат за работата

75

Постојат стандардни прашања коишто речиси секој работодавач им ги поставува на кандидатите кога прави интервју за одредена работна позиција. Но, колку тие прашања навистина го откриваат карактерот војлата и амбицијата за работа?

Некои компании имаат прилично креативни начини со коишто ги “вадат“ потребните одговори од кандидатите. Неретко се случува да се постават и чудни прашања, да се очекува решавање на некаква загатка и слично.

Следниве четири прашања се покажале како одличен избор при оценување на потенцијален вработен.

Раскажете ми за некој ваш неуспех

Секој може одлично да се снајде кога работите одат како што треба. Но, она што е важно е како кандидатот умее да се “носи“ со тешки ситуации.

Зошто сакате да работите за нашата компанија?

На овој начин ќе видите дали кандидатот е вистински заинтересиран за работното место, дали знае за што точно аплицира или сте само случајно одбрана попатна станица.

Како за вас изгледа совршеното работно место?

Доколку кандидатот се труди да каже дека токму вашата компанија е тоа “совршено место“, не е доволно запознаен и сака само да ве импресионира. Вистинскиот кандидат до детали ќе ја опише работата од соништата, а тоа најверојатно ќе се разликува од понуденото.

Кои работи се дозволени, а кои не смеат да се толерираат, кога станува збор за релации колега – колега, односно претпоставен и вработен?

Со одговорот на ова прашање ќе ги видите ставовите и мислењата на кандидатот за тоа како треба да функционира една организација и ќе дознаете многу за карактерот и моралните вредности на личноста.

Фото: Pexels