Четири пати повеќе повици на Viber од почетокот на пандемијата

24

Сервисот за размена на пораки и повици Viber во текот на последните недели забележал раст на бројот на испратени групни пораки за 134% во однос на последната недела од јануари, а бројот на групни повици е зголемен за 370%.

Бројот на нови дневни корисници на Viber во март пораснал за 18%, а просечното траење на повикот е 35% подолго.

Во апликацијата се воведени и промени меѓу кои бројот на учесници во групни аудио повици е зголемен од пет на 20 лица истовремено.

Исто така, воведени се и нови стикери “Остани дома”.

Фото: Facebook