Четвртото тромесечје поповолно за градежништвото од претходното

18

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во четвртото тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а подобра во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Во четвртото тримесечје од 2013 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се понеповолни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата е над нормалата. Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: конкуренција во сопствениот сектор со 15%, немање на побарувачка со 14,2%, зголемените трошоци за материјали со 13,7% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 12,3%.