Чии акции беа најтргувани?

50

Акциите на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Алкалоид, Макпетрол и ТТК Банка се најтргувани на Македонска берза, во период од 17-ти до 21-ви август, покажува Неделниот преглед на берзата.

Во овој период, вкупниот промет достигна 949.669 евра или 7,35% помалку во споредба со претходната недела. Пад од 11,62% има кај вкупниот број на трансакции (21), додека пазарната капитализација достигна вредност од 3.226.800.922 евра, што е за 0,12% повеќе во однос на претходната седмица.

Пазарната капитализација на последниот трговски ден од оваа недела беше 1.795.741.610 евра, односно 0,43% повеќе во однос на истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ10 на 21-ви овој месец беше 0,96% понизок од претходната недела, достигнувајќи 4.217,25 поени.

Фото: Freepik