Чоколадо би можело да се бори против глобалната сиромаштија

33

Развојната програма на Обединетите нации и фондацијата FairChain најавија производство на “ново чоколадо“ за коешто се надеваат дека ќе го промени земјоделието во Јужна Африка.

The other bar е чоколадо што од 14-ти октомври е достапно за продажба, а е дел од експеримент што има за цел да ги заштити одгледувачите на какао. Преку ова чоколадо на одгледувачите им е загарантирана фер цена што ги задоволува нивните потреби.

Во овој момент, според Обединетите нации, земјоделците добиваат само3% од вредноста на какаото, што се користи за производство на чоколадо што се продава во продавниците. Поради ова, голем дел од одгледувачите не заработуваат доволно за да преживеат, пишува Confectionery news.

Фото: Pixabay