Cleanyst – систем за домашно изработени средства за хигиена

145

Тројца браќа од Мајами создадоа уред што овозможува домашна изработка на средства за лична хигиена, како течни сапуни, шампони, гелови за туширање, детергенти. Целта е да се елиминира пластичниот отпад, но и да се креираат персонализирани производи според желбите на корисникот.

Системот, наречен Cleanyst, е голем колку еден стандарден соковник, но во случајов наместо сок, “дава“ разни хемиски средства.

Корисникот додава вода во задниот дел од уредот заедно со претходно подготвена смеса во мали кесички чиишто состојки се направени исклучиво од растенија. Потоа се одбира посакуваната опција и за една до три минути се создава готов производ, пишува New Atlas.

Cleanyst работи на тој начин што ја загрева водата и ја подготвува смесата што потоа се точи директно во шише за повеќекратна употреба. Може да се додадат и есенцијални масла во мешавините и да се добие арома според желбите.

Уредот тежи 5,4 килограми, неговата висина изнесува 41,9 сантиметри, а широк е 21,6 сантиметри.

Фото: Cleanyst