Coca Cola вложува 5,5 милиони евра во Унгарија

47

Coca Cola HBC Hungary ќе започне со производство на својот нов премиум производ, гласо-смартвода (Glaceau smartwater), и за таа цел ќе вложи 5,5 милиони евра во производствените капацитети во Заласентгрот, Западна Унгарија, се вели во соопштението од компанијата, а пренесува B92.

Овој премиум производ е впрочем дестилирана вода со додаток на електролити.

На почеток оваа вода ќе се продава во Италија, Австрија, Русија, Чешка, Словачка, Србија, Хрватска и Ирска.

Како што најавуваат од компанијата, годишното производство ќе достигне скоро 100 милиони шишиња во наредните години. Инаку, Coca Cola HBC е една од најголемите светски подружници по бројот на флашрани производи од брендот на Coca Cola.

Оваа вода е веќе водечки премиум производ во Велика Британија и САД.

Фото: Facebook