Coca – Cola во хартиено шише

61

Coca – Cola во соработка со компанијата Paboco развива прототип на шише што целосно ќе биде направено од хартија.

Првично, надворешниот дел од шишето ќе биде од хартија, додека внатрешноста ќе биде изработена од рециклирана пластика, но следниот чекор е да се најде технолошко решение што ќе овозможи шишето целосно да биде направено од хартија.

Coca – Cola се обврза во следната декада за секое шише или лименка што ќе ја продаде да помогне да се собере и рециклира иста количина на празна амбалажа и да користи амбалажа за своите производи што содржи најмалку 50% рециклирани материјали.

И познатото виски, Johnnie Walker, наскоро ќе се продава во хартиени шишиња.

Фото: Paboco