Coosno – паметна масичка со фрижидер

93

Coosno е паметна масичка којашто доаѓа со вграден мини фрижидер, гласовни команди, Google Home, музички плеер, фиока…

Освен тоа, масичката може безжично да полни два мобилни уреди, заедно со кабел преку два USB влеза или два стандардни излези за напојување.

Корисниците можат да пуштаат музика преку нивните телефони на шесте звучници од Bluetooth стерео системот на Coosno. Додека музиката свири, 288 LED сијалички светат во разни бои што придонесува за посилен ефект.

Со гласовна команда се отвора фрижидерот на масичката, а на ротирачка платформа се наредени 68 шишиња или лименки со ладни пијалаци и грицки. Coosno доаѓа со инсталиран Google Home систем, а доколку не сакаат гласовни команди, корисниците можат да користат iOS/Android апликација за контрола на сите функции на масичката.

Производот моментално има своја кампања на платформата Indiegogo.

Фото: Indiegogo