Cove – иновативна фотелја за работа и релаксација

105

hero_p126008_cove

Фото: Foster and Partners

Италијанскиот компанија за мебел Poltrona Frau, направи специјална фотелја, наречена Cove, наменета да функционира како мини-канцеларија. Нејзината заоблена форма вклучува широко, удобно седиште, вградено USB-полнење за телефон, и маса којашто може да се користи како биро.

Фотелјата беше претставена за време на конференција Passenger Terminal Expo на аеродромот во  Стокхолм минатата недела. Foster and Partners, коишто стојат зад нејзиниот дизајн, сметаат дека вакви фотелји со масички треба да бидат поставени во аеродромските чекални, во чекалните на зградите и во канцелариските простори, пренесува Dezeen.

Седиштето е поставено на едната страна, овозможувајќи им на корисниците да седат удобно додека користат лаптоп или да ги одмораат рацете, додека читаат книга или таблет.

Бројни студии и истражувања покажале дека недостатокот на приватен простор во канцелариските ентериери ја ограничува креативноста и продуктивноста на работниците.

Од истражувањата се заклучило дека за вработените да бидат пофокусирани и попродуктивни, компаниите треба да размислат за додавање на мали, погодно лоцирани простории, коишто би се користеле за кратки периоди за пауза од работата.