Црна Гора најмногу извезува во Хрватска, а увезува од Србија

50

Вкупната надворешно-трговска размена на Црна Гора во првите девет месеци изнесувала 1,85 милијарди евра и била 2,6% помала во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Монстат.

Статистичките податоци се поразителни – извезена е стока во вредност од 302,1 милиони евра, 20,5% помалку во однос на истиот период лани, а увозот е зголемен за 1,8% на 1,54 милијарди евра.

Во структурата на извозот најмногу се застапени обоените метали во износ од 115 милиони евра, потоа железото и челикот со 15 милиони. Во структурата на увоз најзастапени се храната и живите животни во износ од 299,1 милиони евра, скоро колку комплетниот извоз на Црна Гора.

Главни надворешно – трговски партнери за извоз на Црна Гора биле Хрватска со 73,8 милиони евра, Србија со 65 милиони и Словенија со 24,8 милиони евра. Главен надворешно – трговски партнер за увоз е Србија, од каде е увезена стока во вредност од 457,3 милиони евра, потоа Грција со 136,1 милиони и Кина со 112,2 милиони евра, пишува во соопштението на Монстат.