Црно сценарио: Колапсот на еврото и еврозоната би чинел 17,1 илјади милијарди

19

Колку би чинеле колапсот на еврото и на еврозоната? Тоа е најчестото прашање што си го поставуваат политичарите и економистите ширум светот од појавата на кризата во Европа. А сега имаат и одговор – колапсот на еврозоната, најразвиените 42 земји во светот би ги чинел дури 17,1 илјади милијарди евра.

Ова го покажува најновата студија на германската фирма Prognos AG, дел од Bertelsmann фондацијата, која се занимава со економски истражувања.

“Излегувањето на Шпанија и Италија од еврозоната би предизвикало досега невидена економска ерупција во Европа и светот”, предупредуваат авторите на студијата. Во црното сценарио, по кое еврозоната би морале да ја напуштат Грција, Португалија, Италија и Шпанија, 42 најголеми економии во светот од 2013 до 2020 година би изгубиле 17,1 билиони долари, што би значело економска катаклизма, пишува Вечерњи лист.

Размерите не би можеле да се опишат со денешните стандардни изрази како што е криза, пишува во студијата. Европското и светското стопанство од тој “еврошок” би се опоравувале со децении, па треба да се очекува дека по објавувањето на оваа студија и главните актери во европската политика и економија, предводени од германскиот канцелар Ангела Меркел, ММФ, Европска централна банка, Светска банка и ЕК да направат поголеми напори да и се стави крај на должничката криза.

Со распаѓањето на еврозоната, најпогодена би била Европа, а големи последици би чувствувале и светските индустриски сили како САД, Јапонија, Канада, но и земјите кои бележат огромен раст како Бразил, Русија, Индија, Кина (БРИК).

Студијата направила симулација на излегување на земјите од еврозоната една по една. Така, излегувањето на Грција би ја чинело светската економија 674 милијарди евра. Излегувањето на Грција најмногу би ја погодило само Грција, штетата се проценува на 94% БДП, односно 196 милијарди евра. Втора најголема жртва би била Германија, која би изгубила 73 милијарди евра до 2020, што е само 2,9% БДП и Берлин брзо би го пребродил грчкото напуштање на монетарната унија.

Дури и ако на Грција и се придружи Португалија, економските последици не би биле трагични, но би биле подраматични. Во тој случај Португалија би изгубила 55% од својот БДП, 94 милијарди евра. Втора најголема жртва по колапсот на Португалија би биле Шпанија (-33% БДП или 345 милијарди евра) и Франција (-18% БДП и штета од 351 милијарди евра).

Доколку на овие две земји им се придружи и Шпанија, катастрофалните последици би се прелеале преку европските граници. Во тој случај би биле погодени и САД и Кина. Најлошо сценариот е ако покрај овие три земји, од еврозоната излезе и Италија и да и се врати на лирата. Во тој случај би настанала економска катаклизма – штетата во 42 најразвиени земји во светот, кои покриваат 90% од светската економија, би била 17,1 илјади милијарди евра, стои во студијата.