Црногорската влада бара 7% помали плати на пратениците

43

Владата на Црна Гора побара од Собранието да ги намали платите на пратениците за 7%, како што е направено и со министерските плати како дел од пакетот мерките за штедење кои го проследија овогодишниот ребиланс на буџетот.

Црногорскиот министер за финансии Радоје Жугиќ изјави дека со пакетот нови мерки за штедење кои ќе се применуваат од следната година е предвидено намалување на платите и на менаџментите на регулаторните агенции и претпријатија во кои државата има мнозинска сопственост.

Со пакетот мерки е предвидено замрзнување на пензиите на постоечкото ниво, а на пензионерите со најмали примања ќе им се додели еднократна помош и помош во решавање на станбените прашања.

Буџетот на Црна Гора е проектиран на 1,2 милијарди евра со дефицит од 95,3 милиони и нови задолжувања до 250 милиони евра.