Црногорското Електростопанство не може да наплати 185 милиони евра

25

epcg smetkaВкупниот долг на потрошувачите на електрична енергија на Електростопанство Црна Гора (ЕПЦГ) изнесува околу 185 милиони евра. Најголем дел од долгот, преку 130 милиони евра или 70% се однесува на граѓаните, а остатокот од 60 милиони на компаниите.

“Основата на проблемот со наплатата е редицив од минатото и неизградена свест дека елетричната енергија е стока како и секоја друга и дека потрошеното мора да се плати. Потсетуваме дека Црна Гора е увозник на електрична енергија, па затоа нередовните потрошувачи ја оптеретуваат функционалноста на компанијата и го успоруваат одржувањето и модернизацијата на мрежата, што е наша обврска и кон редовните потрошувачи”, наведуваат од ЕПЦГ.