Croatia Airlines порача четири Airbus авиони за 420 милиони долари

24

croatia airlines

Менаџментот на Croatia Airlines го претстави анекс договорот со производителот на авиони Airbus S.A.S., со којшто е утврдена набавка на четири нови Airbus авиони 320 neo, пишува Пословни дневник.

Станува збор за анекс на договорот со којшто порачката од 2008 година за набавка на четири А319 се заменува со порачка на моделот Airbus 320 neo. Вкупната вредност на новите авиони е околу 420 милиони долари. Првите два би требало да бидат испорачани во 2021 година, а другите два една година подоцна.

“Авионите Airbus 320 neo се карактеризираат со поголема ефикасност, помала емисија на штетни гасови, потивка работа на моторите и поголем капацитет, а ќе бидат испорачани по скоро иста цена од порачката од 2008 година“, изјави претседателот на управата на Croatia Airlines, Крешимир Кучко.

Финансиските обврски на хрватската авиокомпанија ќе започнат во 2017 година, преку авансно плаќање, додека остатокот ќе биде уплатен по испораката.