Čuvar sjećanja нуди франшиза – можност сервисот за одржување на гробови да се развие и во Македонија

31

planinic1_dak_301012-5b1600x1200-5d-580x386

Čuvar sjećanja е сервис за одржување на гробови којшто ја покрива цела Хрватска и е прв и единствен таков сервис. Сопственик на компанијата е Елизабета Планиниќ, Македонка по потекло, која во Загреб живее повеќе од 15 години.

Идејата за започнување на бизнисот ја добила по смртта на својата мајка во 2011 година, во моменти на носталгија, кога поради оддалеченоста не можела да запали свеќа на мајчиниот гроб. Почнала со истражување на пазарот и на обликување на идејата во конкретен производ, а кога ја споделила со луѓе кои имаат добар смисол за бизнис и што и биле блиски, добила “ефект на подигнати веѓи“.

Денеска, по четири години работење, Елизабета Планиниќ одлучи да понуди франшиза.

unnamed“Идејата на Čuvar sjećanja е благородна и единствена и како таква потребна на сите луѓе на оваа планета. Оваа година, кога имав чест да го претставам проектот на натпреварот на Меѓународната франшизна асоцијација (IFA 2016), Next Gen во Сан Антонио, Тексас, добив визија како треба да изгледа ширењето на овој модел. Додека бев таму, имав чест да разговарам со многу луѓе од различни култури, на пример од Нигерија, Индија, Унгарија, Австралија, САД, Канада, Малдиви, Италија… и сфатив дека секоја култура, буквално секоја, има своја традиција кон починатите, само ритуалите се разликуваат. Со одредена адаптација кон истите, моделот е применлив на и за сите религии и народи. Целта на Čuvar sjećanja е да биде достапен во вид на услуга на секој човек и на мене е да им ја овозможам на сите луѓе. А франшизата ми се чини како најсоодветен модел”, вели Планиниќ за Бизнис Инфо.

Претходно, во интервју за Бизнис Инфо, Елизабета ја најави можноста за франшиза и во Македонија. Доколку некој смета дека ќе може да го развива овој бизнис и во Македонија, сега ќе може да го стори тоа.