Да се одржува поголемо растојание помеѓу возилата

37

На делницата Нов Дојран – Стар Дојран поради сообраќајна незгода и превртено тешко товарно возило, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Патничките возила се пренасочуваат по алтернативен пат.

Сообраќајот на останатите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива по наместа влажни коловози, без забрани и застои. На повисоките и осојничави места поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот. Појава на магла има на планинскиот премин Плетвар со видливост од 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на отежнатите услови, како и да се одржува поголемо растојание помеѓу возилата. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.

За потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на патниот правец А-1, делница Неготино-Демир Капија, од 27.11.2013 започнаа геодетски активности за што е воведена времена измена на режим на сообраќај и за истата е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Времетраењето на измената ќе трае до 27.01.2014г. Работите се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

На пат. правец Струмица- Раброво (Р1401) ќе се изведуваат работи на пат (асфалтирање) на целата широчина на коловозот во период од 10-14ч., во наредните неколку дена, поради што сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3) и М. Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да потраат до средината на декември.

Tеренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, во периодот од 25.11 до 30.11 ќе се изведуваат на потегот од Агино село кон Миладиновци. Работите ке се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот ќе биде поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата.

На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.