Да се преиспита одлуката за укинување на условен увоз на пченица

19

Мелничарите бараат да се преиспита одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно и таа да остане на сила како што беше првично предвидено до 31 декември.

Преработувачите донеле одлука доколку заштитната мерка се укине, државата да го субвенционира откупот на домашната пченица над 11 денари за килограм.

“Доколку тоа не се случи, како последна мерка која тие не ја посакуваат, мелничарите упатуваат повик до производителите да ја подигнат пченицата предадена на домашните преработувачи затоа што истата не може да биде платена во законски предвидениот рок и склучените договори, а домашните мелничари да не ја изгубат дозволата за откуп како услов за откупена, но и неплатена пченица”, се вели во соопштението од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Мелничарите се задоволни од делот на мерката за пченица бидејќи според информациите од ресорното Министерство откупени се 95% од домашното лебно жито. Домашните преработувачи се надеваат дека ќе можат во наредниот период да набават пченица од соседството по сеуште примамливи цени, а воедно апелираат и да се ослободи квотата од СТО од 80.000 тони пченица за увоз.