Daimler го тестираше првиот самовозечки камион на јавен пат

41

samovozecki kamion

Германскиот автомобилски производител Daimler AG за првпат го тестираше првиот самовозечки камион на јавен пат, пишува BBC.

Со притискање на копчето – highway pilot, камионот се движи без никаков проблем благодарение на посебниот радарски систем.

“Штом сме на автопат, ние може да започнеме со режимот на автономно возење. Треба само да го вклучиме синото копче и автопилотот го преземе возењето во свои раце“, изјави извршниот директор на Dailmer, Волфганг Бернхард.

Овој систем може да достигне брзина од 80 километри на час на автопат.