Daimler одвојува 100 милиони евра за реструктуирање

26

auto-2374719_960_720

Фото: Pixabay

Германскиот производител на автомобили Daimler одвои повеќе од 100 милиони евра за реструктуирање на работењето со цел да ги одвои двете дивизии Mercedes – Benz за автомобили и Daimler Trucks за товарни возила. Ова се должи на зголемената потреба од технолошки и софтверски специјалисти во производството на луксузни автомобили, јавува Reuters.

Daimler, којшто има годишна продажба од 153 милијарди евра, ќе се подели на три независни акционерски друштва со сопствени менаџерски и надзорни одбори коишто ќе можат да склучуваат договори со било кој од партнерите.

Со ова реструктуирање, производителот нема да прави никакви заштеди, ниту пак да отпушта вработени. За да ја добие поддршката од синдикатите, Daimler изјави дека дополнително ги продолжува договорите за работа до 2029 година и за исплата на придонеси во пензискиот фонд во износ од три милијарди евра.