Дали Black Friday е нов извор на зараза во САД?

45

Бројот на лица заразени со коронавирусот, кои се лекуваат во болниците низ САД, во петокот достигна 90.000. Се очекува семејните поради празниците да поттикнат нов бран зараза.

Стапката на хоспитализација сега е на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, а здравствените експерти предвидуваат дека ќе расте бројот на хоспитализирани и заболени по Денот на благодарноста, празник којшто Американците го поминуваат со роднините и пријателите.

Денот пред Денот на благодарноста, којшто традиционално е еден од најраздвижените во САД, повеќе од милион Американци поминале низ тамошните аеродроми, што е повеќе од било кој друг ден од почетокот на пандемијата.

Гувернерите на сојузните држави упатуваа апел до Американците да останат дома за време на Црниот петок (Black Friday) и повеќе да купуваат онлајн и на тој начин да ги поддржат компаниите што претрпеа загуби поради економската криза што ја предизвика пандемијата.

“Не заборавајте, избегнувајте ги гужвите и овој Црн петок купувајте од дома. Нашите локални продавници имаат опција за брза достава и потребна им е нашата помош“, вели Енди Бешеар, гувернер на Кентаки.

Фото: Freepik