Дали и колку ги заштитувате личните податоци на вашите телефони?

25

Во текот на минатата година, 81% од жителите на Европска унија, на возраст од 16 до 74 години, користеле паметен мобилен телефон во последните три месеци кога било направено истражувањето.

Сепак, 18% од испитаниците одговориле дека при користење или инсталирање на некоја апликација на паметниот уред никогаш не ограничиле или одбиле пристап до личните податоци, како што е нивната локација или контакти. Шест отсто од испитаниците не знаеле дека е можно да се ограничи или одбие пристап до нивните лични податоци при употреба или инсталирање на апликациите, покажуваат податоците на Eurostat.

Во Македонија, 71% од лицата на возраст меѓу 16 и 74 години користеле паметен телефон, а 28% од нив во ниту еден момент не го ограничиле или одбиле пристапот до лични податоци, при користење или инсталирање на некоја апликација.

Околу една третина од луѓето на возраст од 16 до 74 години никогаш не го ограничиле или одбиле пристапот до своите лични податоци, а тие бројки се најзабележливи во Хрватска (37%), Чешка (36%), Латвија (32%) и Литванија (31%).

За разлика од нив, само 11% од луѓето на возраст од 16 до 74 години во Шведска никога не го ограничиле или одбиле пристапот до личните податоци при користење на некоја апликација. По Швеѓаните следат: Италија, Холандија и Португалија (по 12%), Белгија, Германија и Словенија (по 13%).

Фото: Pexels